младенци само мн.
младенец м.

младенци (само мн.)

Ја зедов картата, зачуден, изненаден и од свадбата, и од сватовите, и од свирките, и од младенците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А сега ќе го натерам да се истркала по креветот на младенците, машки деца да им се раѓаат! Ти спреми бакшиш за него!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тоа беше прв ден на радост. Значи радоста ја победи сета таа горка стварност, успеа да ги облее срцата на младенците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа се разбира оти ќе си се љубите уште кога сте си младенци.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Освен тоа, имав хронично депресивно расположение поради тоа што не можев да отидам на младенци кај сестрите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Младенците почнаа да се задомуваат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А два младенци да се ќердосат!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И ние сме ти некакви младенци!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По многу години, откако се омажив, го натерав Мане да прифатиме кумство, зашто младенците беа од Крњево и воедно видов можност да го посетиме селото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Излегуваат и се водат за рака како младенци од седумнаесет години! И Доста се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми се доближи деверот, ми ја подаде картата со вино и со темен глас кој излегуваше од длабините на земјата, рече: - Наздрави Караѓоз, на младенците наздрави, посакај им среќа и бериќет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- И ние сешто сонуваме, ако не си знаел. Ќе ги благословиш младенците пред олтарот на Гаврил Лесновски и готово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ораџиите нестрпливо чекаат валцерот на младенците да ја отвори сезоната. (Се обложувам дека онаа прекрасна воздржана госпоѓа за два часа ќе меша на маса.)
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тестото го замесува специјална месарица — девојка со татко и со мајка, а пред тоа едно мало детенце — машко — заборава прво во тестото со жегол: да им се раѓаат на младенците машки деца, жито и волови со кои ќе ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Блесокот на сончевата палавост, така живо тоа утро удираше на прозорецот на кој требаше да има стакло, но поради тоа пак, сонцето можеше лично да ги погали младенците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По наредба на пијаниот свекор и полузаспаната Анѓа, младенците останаа да гувеат до зори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги покриваат главите со ист молитвен шал, и кога Алегра го допира со лактот, Јехуда го чувствува стариот трепет на нејзиното тело.  Рабинот го полни пехарот со вино и ги кажува седумте благослови спомнувајќи ги младенците како заљубени пријатели.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кај исчезнаа сватовите, каде исчезнаа младенците, кај поштук фатија свирачите, до ден денешен не разбрав, а прашував, и до ден-денешен прашувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе